Сметките за струја од 1ви јануари би се зголемиле за 38%, според првичните барања на енергетските компании, а не десет проценти како што најавуваа од владата.
ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100% зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски што би значело 34% зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4% на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.
РКЕ во текот на наредната недела ќе одлучува по барањата на енергетските компании, што и колку ќе прифати. Останува отворено прашањето и дали по Нова Година се уште ќе има дневна евтина тарифа. Бислимовски објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.