„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА „VOGUE“ НА 78-ТЕ НАЈДОБРИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ („Honeyland“) на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се најде на листата на 78 најдобри документарци на сите времиња. Овој филм минатата година имаше две номинации за „Оскар“ – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.
„Медена земја“ е филм кој се одвива во наизменично експанзивен и клаустрофобичен регистар. Од една страна е дивиот и карпест македонски пејзаж, место недопрено од современиот развој или удобност, а од друга страна е живеалиштето кое наликува речиси на пештера, во кое Хатиџе, пчеларката во центарот на приказната, живее со нејзината мајка легната во кревет. Орбитата на животот на Хатиџе повремено се проширува со нејзиното патување во главниот град на земјата, Скопје, каде што го продава својот внимателно собран мед и купува боја за коса за да го задржи својот изглед. Но нејзиниот живот ќе стане во голема мера ограничен кога едно семејството доаѓа со намера да се всели и да направи поместување во несигурната егзистенција што Хатиџе ја извлекува од своите пчели.
Филмските работници кои работеа и снимија повеќе од 400 часа материјал, не можеа да знаат дека оваа драма ќе стане парабола помеѓу старото и новото, традицијата и модерното, што за филмот е уште поволно, пишува „Vogue“.
May be an image of 1 person and text that says '0000 2 ACADEMY AWARD® NOMINATIONS DOCUMENTARY FEATURE INTERNATIONAL FEATURE "An elemental struggle between ancient tradition and greed...an incredible true story' TIME OUT Honeyland land A FILM BY LJUBOMIR STEFANOV & TAMARA KOTEVSKA 12'
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *