МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА НА ВАЛАНДОВЧАНЕЦОТ МАРИО ТОМОВ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ И ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ И НАГРАДУВАЊЕ НА СОВЕСНИТЕ ГРАЃАНИ.

Засега само граѓаните на општина Валандово имаат можност преку селекција на отпад кои ќе го пријавуват преку мобилна апликација до ЈП Комунален сервис да добијат парични награди. Креирана е општествено одговорна апликација – „Селектирај отпад“ и во фаза на реализација е проект за собирање на селектиран отпад од домаќинствата.
„Селектирај отпад“ е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на собирање на отпад, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество.Станува збор за иновативна идеја на Марио Томов кој создаде мобилна апликација со која може да се алармира до комуналното дека неговите ќеси со пластика или хартија се полни за да бидат подигнати скенирајки го кодот од ќесите. Доколку лицето правилно го селектира отпадот во ќесите ќе добива по 35 пеони од ќеса а на крајот на месецот може да добие награда од 2 000 денари.
Мисли надвор од кантата и симни ја апликацијата Селектирај Отпад: https://www.selektirajotpad.mk/
Во разговор со Марио, тој ни кажа дека оваа негова апликација може да се користи и во било која друга општина во Македонија, вклучувајќи ја и општина Гевгелија.
,, Процесот на селектирање отпад емногу лесен и едноставен, вели Марио. Најпрво треба да се симне апликацијата од play store и app store. Потоа се креира профил со точни податоци и адреса. Првата кеса за селектирање треба да се подигне од комуналното претпријатие за да се евидентира корисникот. Секоја наредна кеса се подига при предаање на полната а ги има два вида: жолтата во која се селектира пластика и лименки а во сината хартија,, објаснува Томов
,,Кога е полна кесата се закажува термин за предавање на отпадот со скенирање на QR кодот кој е залепен на кесата. Во делот “селектирај” или “закажи” има предвидено термини и локации, каде и во колку часот ќе биде присутен собирачот. Со кликање на терминот се отвора камера преку која се скенира QR кодот и со тоа му се дава информациjа комуналното претпријатие дека кесата е спремна за собирање. Кога кесата пристигнува во предвиденото место за складирање на отпадот на корисникот му се префрлуваат 35 поени за секоја селектирана кеса. Тие поени се собираат на месечно ниво и првите 5 селектирачи се наградуваат со парични награди. Но, доколку отпадот не е правилно селектиран нема поени,, информираше Томов
Ова мобилна апликација и проект има за цел зачувување на животната средина но и заработка од отпадот кој може да се користи како секундарна суровина бидејки добар дел од компаниите ја обработуваат пластиката и хартијата. На тој начин отпадот не завршува на депониите и ја загадува животната средина
,,Селектирањето на отпадот е многу важен процес бидејќи еднаш смешаниот отпад веќе не може да се рециклира.Со рециклирањето на отпадот решаваме повеќе општестени проблеми, меѓу кои најважен е зачувување на животната средина и природата.Исто така ова е мал придонес во борбата со глобалното затоплување кој е најголемиот предизвик на денешницата.Да направиме сите мал чекор кон подобро утре.Да селектираме отпад,, вели Томов
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *