ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД Е КАКО СОЗДАДЕН ДА ГО ПРОЧИТАТЕ РОМАНОТ „ДИНА“, ПОЛИТИЧКИ РОМАН, РЕЛИГИОЗНА ПРИКАЗНА, ФИЛОЗОФСКО ДЕЛО, ИСТОРИСКИ РОМАН И ЗБИРКА ПОЕЗИЈА.

Додека очекувате да го погледнете филмот на Денис Вилнев „Дина“, убаво време e да посегнете по класиката на СФ, истоимениот роман на Френк Херберт. Првпат објавен во 1965 година, „Дина“ стана инстант хит, главно благодарение на наградите Хуго и Небула. Оттогаш, овој роман е продаден во повеќе од 12 милиони примероци, доби 17 продолженија и предпродолженија и официјално стана првиот бестселер меѓу романите на СФ.
Дејството на „Дина“ се случува во далечна иднина, годината е 10191. Меѓупланетарната империја е управувана од императорот Шадам IV кој му наредува на војводата Лето Атреидес, владетел на куќата на Атреидес, да ја напушти својата матична планета Каладан и да го пресели семејството до еден нов феуд , мистериозниот Аракис, песочната планета наречена Дина, извор на меланж, зачин што овозможува меѓуѕвездени патувања, но станува и моќна дрога …
„Дина“ и денес може да се чита на неколку нивоа, 56 години по нејзиното објавување. Најочигледното ниво, тоа е дистописки роман за еколошка криза, за животот на планета каде што речиси и да нема вода. Но, „Дина“ е и политички роман и религиозна приказна, филозофско дело, историски роман, приказна за еволуцијата на човекот, но и збирка поезија.
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *