Започна и втората недела од изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври.Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии.
ТВ Нова 12, почнувајќи од денес, во 20 часот и 45 минути , наредните четири дена, на својата програма, во рамките на емисијата „Отворено со..“ ќе ви ги претстави четворицата кандидати за градоначалници за општина Гевгелија, Виктор Петков, од Движењето Одлучно за Македонија-ЛДП и ДОМ, Сашо Поцков, СДСМ и Коалицијата „МОЖЕМЕ“, Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ и Глигор Петков од Независната листа Томе Ќичуков.
Денес, вторник, 5 октомври, во 20 часот и 45 минути, ќе имате можност да го проследите разговорот со Виктор Петков, кандидатот на Движењето Одлучно за Македонија-ЛДП и ДОМ, утре, среда, 6 октомври гостин ќе биде Сашо Поцков, СДСМ и Коалицијата „МОЖЕМЕ“, во четврток, на 7 октомври, својата програма ќе ја претстави Глигор Петков од Независната листа Томе Ќичуков , додека во петок, на 8 октомври ќе разговараме со Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“.