АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ, ЧЛЕН НА ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА, „УЧЕСТВОТО НА ПОПИСОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ЧЕСТ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ“

Драги Македонци, помислете на овој попис како израз на љубов кон себе и вашите најблиски и одберете да бидете дел од него. Да се биде Македонец е голема чест и уште поголема одговорност. Искористете ја оваа можност да ја зголемите вашата индивидуална и семејна чест со додавање на вашето име во списоците.
Современата практика за редовен попис на населението датира од традициите на Антички Рим, или поточно, Римската Република. Во тоа време, попис се спроведувал на секои пет години, предводен од двајца магистрати наречени цензори. Цензорите биле избирани од група кандидати кои претходно служеле како конзули, највисоката политичка функција во земјата. Да се биде цензор се сметало за врв на нечија политичка кариера и им овозможувало на поединецот и на неговото семејство највисоки почести.
Оние што учествувале на пописот, исто така, имале посебни привилегии. Поединците кои биле слободни, имале имот, биле со добар морален карактер и имале правна положба (по раѓање, посвојување или уредба), имале право да бидат запишани во регистарот на граѓани. Само римските граѓани може да ги уживаат сите права и привилегии што ги нуди Републиката – право на глас, право да бидат дел од јавниот живот (cursus honumum), привилегија на наддавање за државни договори и многу други придобивки. Изреката „civis romanus sum“ (јас сум римски граѓанин) се користеше како израз на гордост и припадност кон римската држава.
Пописот и денес треба да биде чест за секој поединец. Со тоа што е запишан на списокот на жители, поединецот и дава до знаење на државата дека постои и дека државата треба да се грижи за него и за неговото семејство. Со еден збор, регистрацијата на пописот е неопходна за да се добие секаков вид на право – како може да се бараат бенефиции од државата ако тој/таа не е на списокот на жители? За поединецот, регистрацијата на пописот значи дека таа ја смета државата за дом и е горда што е дел од списокот на нејзините жители.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *