Со доаѓањето на есента и постуденото време, расте загриженоста на граѓаните што ќе се случи кога ќе се појави вирусот на грипот, кога тој ќе се „спои“ со вирусот на ковид-19. Нашиот епидемиолог, доктор Сашко Олумчев тврди дека не би требало да бидеме толку загрижени. Тој потсетува дека и лани, во екот на пандемијата, речиси и да немавме заболени од грип. Едноставно, вели Олумчев, носевме маски, држевме дистанца и со тоа го намаливме неговиот простор за ширење.
Така, очекувам да биде и оваа година, потенцира тој. Час поскоро треба да се набават вакцините против грип, ние, граѓаните, да продолжиме да се придржуваме на заштитните мерки, носење маска, држење дистанца и хигиена, и, уверува тој, грипот ќе биде една сезонска болест со лесна клиничка слика. Едноставно, вирусот на грипот ќе нема можност да изврши еден масовен интерхуман трансфер меѓу популацијата.
Со брзото и навремено вакцинирање против грипот, и со зголемување на бројот на вакцинирано население во Гевгелија не би требало да имаме проблеми со грипот и оваа година. Тоа, вели Олумчев, пак, не занчи дека ќе немаме проблеми со другите респираторни заболувања, како што се астмата и хроничниот бронхитис. Затоа треба да бидеме уште од сега подготвени да одговориме на сите предизвици.