НА 28 СЕПТЕМВРИ 1880 ГОДИНА ВО КРУШЕВО Е РОДЕН НИКОЛА КИРОВ МАЈСКИ, АВТОР НА КРУШЕВСКИОТ МАНИФЕСТ.

Никола Киров Мајски е македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевски манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа. Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест. Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“. Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година. Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *