На денешен ден пред една година, во 08,30 часот по танзаниско време, односно во 10,30 по македонско, на врвот на Африка, на планината Килиманџаро, се искачи координаторот за екстремен велосипедизам при Гевгелија Точак Клуб, Ѓорѓе Ризов.
Ова не би било толку чудно, доколку не се знае дека Ризов ова го стори со својот велосипед. Како што не информираше тогаш претседателот на клубот, Венци Ристов, тој се чул преку телефон, на viber, со Ризов, по неговото враќањето од врвот. Во краткиот разговор, Ризов објаснил дека било навистина многу тешко да се искачи Килиманџаро со точак, затоа што на некои места наместо тој да е на точакот, точакот бил на неговиот грб.
Килиманџаро досега го имат освоено многу планинари во светот но многу малку велосипедисти. Инаку,Ѓорѓе Ризов, тој е четвртиот македонец, по тројцата, кои во група, минатата година, го освоиле овој највисок африкански врв.