НА 25 СЕПТЕМВРИ 1903 НА ВРВОВИТЕ ГАНДАЧ И ГОЛА ЧУКА СЕ СУДРИЛЕ ЧЕТИТЕ НА АПОСТОЛ ПЕТКОВ И ИВАН КАРАСУЛИЈА СО ТУРСКИОТ АСКЕР.

На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, на 25 септември 1903 година, четите на македонските војводи Апостол Петков и И. Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 загинати, а тие самите дадоа само една жртва. Апостол Петков е легендарен војвода на ТМОРО, кого населението го нарекло „Ениџевардарско Сонце“. Американскиот публицист Алберт Сониксен, А. Петков го именува како „македонски Робин Худ“, а Фрдерик Ковач, го квалификува за „некрунисан крал на вардарските мочуришта“. За грчката писателка Пинелопи Делта, Апостол бил „невидливиот демон кој се чувствува на секаде, но не се гледа никаде“. Според Сониксен, портретот на Петков висел во секоја крчма во Бугарија. Името на Апостол Петков се среќава во весниците во Австрија, Нов Зеланд, Тасманија и САД. Во 1944, портретот на Апостол Петков се најде во рубриката „Верувал или не!“ на еден локален американски весник. Таму за него пишува: „Апостол Петков – човекот кој беше платен да се преправа дека е мртов. Познат македонски четник, кој со свои раце уби 2.400 Турци. Тој бил толку проблематичен, што турскиот султан му плаќаше 30.000 $ за да се преправа дека е мртов“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *