НАСМЕАНИ ЛИЦА, ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА И ЉУБОВ КОН ПРИРОДАТА НА ВТОРАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА „СИТЕ УФ СЕРМЕНИН“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ.

Насмеани лица, позитивна енергија и многу љубов кон природата беа присатни за цело време на одржувањето на вториот, мултимедијален настан „Сите уф Серменин“, на просторот помеѓу Црквата „Свети Ѓорѓија“, изградена во 1834 година и зградата на првото училиште за учители во Македонија, кои ги посетуваа двата курса организирани во 1944 година.
 
На настанот на кој учество зедоа околу 150 велосипедисти кој немаше натпреварувачки карактер се возеше Off road по прекрасни предели по планината Кожув. Учесниците на настанот можеа да изберат Off road возење велосипед на кратка рута во должина од 27 км и долга рута во должина од 40 км. За сите беше обезбеден и ручек, а настанот беше збогатен и со турнири во шах и табла, играње карти, џамлии и пинг-понг.
 
Серменин е едно од постарите села во околината на Гевгелија, кое е познато и како воздушна бања. Чист воздух, борова шума и ниската влажност го прават Серменин одлично место за посета и прошетка.
Во селото присутните на настанот можеа да ги посетат црквата „Св. Ѓорѓи”, водопадот „Вера”, како и манастирот „Св. Илија”.
Честитки до организаторот, „Гевгелија Точак Клуб“, Општина Гевгелија, како и сите вклучени во организацијата и помагањето во одржувањето на овој „mountain biking“ настан, кој се најде и на официјалниот календар на Асоцијацијата на велосипедисти во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *