МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА

Во 1994 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 16-ти септември за Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка, по повод денот на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година, за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (резолуција 49/114).
 
Државите се повикани да се посветат на денот за промовирање на активности во согласност со целите на Протоколот и неговите амандмани. Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата.
Контролираната употреба на супстанци кои ја осиромашуваат озонската обвивка и нивното намалување помагаат за заштита на озонската обвивка за оваа и за идните генерации, но, исто така, значително придонесе кон глобалните напори за справување со климатските промени; Освен тоа, ги има заштитено здравјето на луѓето и екосистемите со тоа што го спречува штетното ултравиолетово зрачење да стигне до земјата.
 
„Озонската дупка“ за прв пат е забележана во 80-тите години на минатиот век и утврдено е дека причините за нејзиното формирање се физичко-хемиски процеси, во кои атомите на хлор и бром од фреон и халон ги распаѓаат молекулите на озонот. Најголемата озонска дупка беше забележана на 17 октомври 2006 година над Антарктикот и беше со големина од 27,4 квадратни километри, а беше создадена како кумулативна последица од ослободувањето на фреон од пред 15 до 20 години.
 
Сведоци сме на влошување на состојбата и зголемување на осцилациите во времето, од неверојатна топлина до голем студ, преминот помеѓу сезоните го изгуби секакво значење и се чини дека ништо подобро не чека во иднина. Глобалното затоплување го забавува закрепнувањето на озонот и со тоа се затвора дупката за озон. Иако употребата на одредени штетни хемиски соединенија кои директно го оштетуваат озонот е забранета на глобално ниво, емисијата на штетни гасови од индустриските постројки не е намалена, туку зголемена, што доведе до зголемување на температурата и ефектот на стаклена градина и индиректно уништување на озонскиот слој.
Досега постигнатиот успех во обновувањето на озонската обвивка веројатно ќе биде залуден многу бргу, бидејќи емисијата на штетни гасови од индустриските постројки, како што се јаглерод диоксид, азот диоксид и метан, не е намалена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *