ВТОРА ВЕЧЕР НА „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“, СЕ ВАРЕШЕ РАКИЈА ПРИДРУЖУВАНА ОД ФОЛК ЗВУЦИ, А ФИНАЛЕТО БЕШЕ РЕЗЕРВИРАНО ЗА ВИКТОРИЈА ЛОБА И РИСТО САМАРЏИЕВ

Вчера, на 14 септември 2024 година, продолжи богатата програма од Фестивалот на храна и пијалоци во Гевгелија “Taste the south – Вкуси го југот“.
Вториот ден од Фестивалот се печеше ракија, проследена со фолк звуци. Настапија Културно-уметничките друштва „Браќа Толеви“ од Прдејци и „Негорци“- Негорци, со изведба на традиционални игри, а по нив, групата „Гевгелиски мелос“ ги развеселуваше посетителите со народни песни и ора.
Народната забава продолжи со настапот на познатиот македонскиот фолк-пејач, Наум Петрески, кој со својот глас одушевува каде и да се појави.
Преодните минути од фолк кон поп музиката ги исполни Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, за да финишот на вечерта кулминира со поп-звуците на Викторија Лоба и Ристо Самарџиев и пријателите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *