ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ХИРУРШКА САЛА И РЕКОНСТРИРАНИТЕ ХИРУРШКО И НЕРВНО ПСИХИЈАТРИСКО ОДДЕЛЕНИЕ

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче,заедно со пратеничките Марија Костадинова и Драгица Ѓавочанова, градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, како и директорот на Општата болница со проширена дејност Гевгелија, Митко Крџев, денеска направија увид на реконструираната Општа болница во Гевгелија,каде изминатиов период се изгради нова хирушка сала со медицинска опрема,центар за дијабетес и оддел за физикална терапија, а се реконструираа нервно-психијатриското и хируршкото одделение, во кои беа инвестирани вкупно 375.000 евра.
Премиерот истакна дека во најстариот дел од гевгелиската болница се изградени новата хирушка сала,нова лабораторија,дијабет центар,амбуланти за нефрологија,урологија,ортопедија како и современи чекални.
–Особено за издвојување е изградбата на новата хирушка сала и набавката на новата медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра.Болницата сега располага и со нов ехо апарат на одделот за рентген дијагностика и комплетно реновирани одделенија на хирургија,нервно и за гинеколошко-акушерски болести,истакна Заев.
Со сите овие сериозни вложувања во гевгелиската и други болници во земјава,рече Заев,владата на РСМ ја потврдува својата цврста определба за градење на одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните.
–Од денеска е ставена во функција новата хирушка сала после 60 години за прв пат во оваа болница направена по највисоки стандарди со соодветни градежни карактеристики,со најсовремени апарати за анестезија и лапораскопска хирургија како и најсовремен хирушки стол,истакна министерот за здравство Филипче,истакнувајќи дека ова е само дел од работите кои изминативе две години се изведуваа во гевгелиската Општа болница.
Во изминативе три години,нагласи Филипче,благодарение на оваа влада се издвоени преку 30 милиони евра за зголемување на платите на здравствените работници и драго мие е што се помалку ја напуштаат нашата земја.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *