ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „TASTE THE SOUTH-ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ ЗАПОЧНУВА НА 13 СЕПТЕМВРИ!

По успешното минатогодишно, Прво издание на Фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија, Општина Гевгелија го најавува неговото второ издание. Овој пат, одржувањето ќе биде на паркингот на новиот пазар „Сава Михајлов“,во периодот 13 – 14 – 15 септември, 2024 година. Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богата културно-уметничка програма, На 13 септември, програмата ќе ја отворат КУД „Танец“ од Миравци, настапувајќи со традиционални игри од својот репертоар, со почеток во 19:00 часот. Во 19:45 часот, гевгеличани, како и другите гости ќе ги забавуваат локалното Трио „Хитс“, во состав на Момчило, Слободан и Марија. Фестивалџиите ги очекува и настапот на Дац и Александар, во 20:45 часот. Атмосферата ќе ја подигне и Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, а неговиот настап ќе започне во 22:00 часот. По него, гевгелиската и македонска рок-група „Зијан“ ќе ги запеат своите музички хитови, со почеток во 22:15 часот. За крајот, следи настапот на Ивица Стојановски- Фиц, некогашниот вокал и гитарист на скопската поп атракција од 90-тите „Студени Нозе“, заедно со својот бенд „Фиц енд Д’инвизиблс“, со почеток во 23:45 часот. Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија веќе станува еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да биде традиционален и регионален. Очекувајте добра забава и повелете во Гевгелија да го вкусите и доживеете југот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *