8 СЕПТЕМВРИ 1991- 8 СЕПТЕМВРИ 2024.

Од 1991 година, 8 септември во македонската историја претставува ден на заокружување на долгата борба низ историјата за национална самобитност и државна независност. Оттогаш, означен како државен празник – Ден на независноста на Македонија, всушност се одбележува денот кога во 1991 година, со убедливо мнозинство од 95 отсто од излезените граѓани (72,16 проценти од вкупниот број на граѓани со право на глас) на референдумот се изјаснија за сувереност, независност и самостојност на Македонија и на македонскиот народ.
 
Но, останува прашањето, што постигнавме изминативе 33 години и до каде стигнавме?.
За едни, денес, по 33 години, осми септември е само ден помеѓу седми и деветти септември, за други, независноста која беше мечта на многу генерации, ја славиме слободни и отворени кон светот, и ја живееме демократијата и слободата како држава членка на НАТО, за трети пак борбата за македонскиот национален и државен идентитет не е ниту оддалеку завршена, а за четвртите, ми се чини најбројните, денешниот празник подразбира празни фрижидери, празни души и празни луѓе.
Но, сепак, нека ни е честит Денот на независноста, и прстот на чело?

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *