ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ МАЈСТОР ТОНИ ЛАЗОВ ПОБЕДНИК НА ТРЕТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „ВЕНЦИ ПОПОВ“

Интернационалниот мајстор Тони Лазов е прогласен за победник на Третиот меморијален турнир „Венци Попов“, кој во организација на семејството Попови и ШК„ 7-ми Ноември“, се одржа во неделата, на 25 август во Гевгелија.
Второто место му припадна на Никола Радовановиќ, додека третопласиранФилип Панчевски. Беа доделени и специјални признанија за најдобро пласиран младинец, најдобра шахистка и најдобро рангиран играч од Гевгелија. Најдобро пласиран од Гевгелија: Борче Танчев ,најдобро пласирана шахистка Зорица Ташева а најдобар млад шахист до 18 г. Маринидис Ставрос
Вкупно настапија 89 шахисти од Македонија, Србија и Грција, а се играше според правилата за забрзано шаховско темпо (рапид), односно 10 минути за секој играч плус бонификација од 5 секунди за секој потег.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *