Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска беше во работна посета на општина Гевгелија.
Николоски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов и неговите соработници, присуствуваше на отворањето на нов пазар во Миравци.
Во изјава за медиумите градоначалникот Сарамандов истакна дека за изградба на овој пазар од буџетот на општината се издвоени 4 милиони денари и тоа е едно од ветувањето кое тој им го даде на миравчани во предизборната кампања.
Вицепремиерот Николоски во својата изјава истакна:
„Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар – Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства„“, изјави Николоски.
Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината.
Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.