ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО ЗЕМЈАВА Е НАМАЛЕН ЗА 27.000, ОДНОСНО ЗА 10 ПРОЦЕНТИ.

Бројот на средношколци е намален за 20 %. Вкупно, во основното и во средното образование има 27 илјади ученици помалку.
Во основните училишта, најголемо намалување на бројот на ученици од дури 57 % има во Ново Село, а кај средните во Пехчево каде само за десет години има 83 % помалку ученици.
Бројот на наставници, пак, во основно расте, а во средно има мало намалување.
 
Само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади.
Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 %. Односно за 17 илјади ученици. Во основното образование, намалувањето изнесува 5 %, односно 10 илјади ученици.
 
Што се однесува до Општина Гевгелија, бројот на учениците е зголемен и во основните и во средното училиште.
Така, во 2014/2015 година во основните училишта бројот на ученици бил 1410, додека во 2023/2024 тој број изнесувал 1883.
 
Во средното училиште во 2014/2015 бројот на ученици бил 590, додека 10 години потоа, во 2023/2024 таа бројка била 664.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *