ТРЕТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ „ВЕНЦИ ПОПОВ“ СЕ ИГРА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во салата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ фамилијата Попови и Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ денеска, недела, 25 август, го организираат третиот меморијален турнир во забрзан шах „Венци Попов“. Гевгелија и оваа недела повторно е во центарот на шаховската игра во Македонија.
 
Турнирот , на кој се пријавија над 100 играчи од Македонија, Србија и Грција, го отворија претседателот на ШК „7-ми Ноември“, Папи Танчев Турнирот се игра во 9 кола по швајцарски систем според ФИДЕ правилата за забрзан шах.
 
За најдобрите десет е предвиден награден фонд од 106.000 денари, како и специјални награди за најдобро пласиран гевгелиски шахист, за мајдобар млад шахист до 18 години како и за најдобро пласирана шахистка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *