30 ЈУЛИ – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ СЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ 3 МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ВО ПРИСИЛЕН БРАК И СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА. КРАТКИОТ ФИЛМ „ЈАС, ДЕТЕ“ НА КАТИЦА ЏИШЕВА ДУПАРОВА ЈА ПОДИГА СВЕСТА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ.

Локалната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција при Советот на Општина Гевгелија го одбележува 30 Јули- Светскиот ден против трговијата со луѓе. За таа цел, во соработка со Домот на културата „Македонија“- Гевгелија и Драмското аматерско студио „Дон Кихот“ е снимен краток филм, по сценарио на монодрамата „Јас, дете“ од Владо Димовски, македонски автор кој пишува литература за деца. Станува збор за сценарио, во кое се прикажуваат најчестите причини и ризици кои придонесуваат за појава на трговија со луѓе, претежно деца, поради маргинализирани и дисфункционални семејства, злоупотреба на алкохол, дрога и злоупотреба на социјални мрежи.
Во филмот главната улога ја игра Aнгела Михајлова, а статисти се: Силвестер Проле, Светлана Стојковиќ, Ристе Чурлинов, Синиша Чамчиќ и Васко Трајков. Режијата е на Катица Џишева Дупарова. Сниманиот филм „Јас, дете“, главно наменет за младата популација, но и за возрасната категорија, има за цел да ја подигне свеста и да допре до сите луѓе за овој глобален проблем, со кој се соочува човештвото и ризиците кои се последица на истиот. Објавен е на официјалните веб-страна и Фејсбук-страна на Општина Гевгелија.
Во Општина Гевгелија, во последните 10 години, се идетификувани 3 малолетни лица во присилен брак и сексуална експлоатација. На територија на државата, во 2020 година се идентификувани 12 жртви, од кои 1 полнолетен маж за трудова експлоатација и 11 малолетни девојчиња за сексуална експлоатација. Филмот можете да го погледнете на
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *