НА 17 АВГУСТ 1902 ГОДИНА ВО ПРИЛЕП Е РОДЕН МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО,ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

Во Прилеп, на денешен ден е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Со своите политички ставови Ченто се залагал за поголема самостојност на Републиката во однос на федералните органи. Истовремено го поставувал прашањето за обединување на Македонија. Таквите негови ставови дошле во судир со официјалната политика.
 
Во 1946 година бил исклучен од КПЈ и поднел оставка на сите функции.
Бил обвинет за национализам – дека сакал отцепување на Народна Република Македонија од Демократска Федеративна Југославија и нејзино ставање под американски протекторат.
Бил осуден на 11 години затвор, каде што останал до септември 1955 година. Починал во Прилеп на 24 јули 1957 година.
Рехабилитиран е во 1991 година, кога Македонија ја прогласува својата целосна самостојност, независност и сувереност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *