КУСТОС АРХЕОЛОГ НУМИЗМАТИЧАР САША ЈОВАНОВ, НОВ ДИРЕКТОР НА НУ МУЗЕЈ-ГЕВГЕЛИЈА

Со одлука на Министерот за култура и туризам од 10 јули 2024 година, за нов директор на НУ Музеј-Гевгелија е назначен кустос археолог нумизматичар, Саша Јованов.
Јованов е роден на 25.09.1981 год. во Синделфинген – С.Р. Германија, со постојано место на живеење во Гевгелија. По завршувањето на средното гимназиско образование во Гевгелија, во учебната 2000/01 година се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за историја на уметност со археологија. На истиот дипломира на почетокот од 2006 година на тема “Римската монетарница во Стоби” кај проф. д-р Виктор Лилчиќ.
 
Од 01.05.2007 год. вработен во Н.У. Музеј – Гевгелија со договор за привремено вработување, а од 01.10.2010 год. вработен со договор на неопределено време како кустос археолог, а потоа како кустос нумизматичар.
Истражувачки активности во кои учествува како член на стручна екипа и/или раководител на сектор на археолошките локалитети:
 
• Градиште – Дреново и околината, 2003 (како студент) ;
• Систематски археолошки истражувања на локалитетот Вардарски рид, Гевгелија, 2003-2004 (Сектор Источна тераса).
• Систематски археолошки истражувања на локалитетот Вардарски рид, Гевгелија, 2007-2018 год.
• Систематски археолошки истражувања на некрополата на локалитетот Исар – Марвинци 2009-2010 год.
• Систематски археолошки истражувања на локалитетот Градишор – Мрамор, Милетково – 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 год.
• Систематски археолошки истражувања на локалитетот Башот – Горна Корија, Негорци 2010, 2011, 2012 год.
• Заштитни археолошки ископувања на локалитетот Ветка Црква – Агова чешма, Смоквица 2011 год.
• Заштитни археолошки ископувања на локалитетот Керамидарница – Ново Конско 2011 год.
• Заштитни археолошки ископувања на локалитетот Вардарски рид (Ј/З периферија, индустриска зона) 2012 год.
• Заштитни археолошки ископувања на локалитетот Мрдаја – С. Дојран 2012 год.
• Заштитни археолошки ископувања при изградбата на делница од автопатот Е 75 во 2013 год. (Св. Илија – Пиут, Смоквица ; Бачилиште и Трските, Милетково)
• Систематски археолошки истражувања на локалитетот Милци, Гевгелија 2019
• Систематски археолошки истражувања на локалитетот Брданов Камен – Богданци 2018-2024 год.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *