НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1903 ГОДИНА ВО КРУШЕВО ВЛЕГОЛ ШТАБОТ НА КРУШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ

Во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници – војводи. На 4 август во градот влегува Штабот на крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.
 
Во разговорот за Вечер а по повод 120 години од Илинденското востание, Јордан Јанев, академскиот вајар, ја раскажа вистината за неговиот дедо, легендарниот херој од Илинденското востание, Андреј Димков-Докурчев, горноџумајски војвода, роден во Велес, неговата улога во востанието, како и за неговата врска со фамилијата на Гоце Делчев. За време на Илинденското востание, Андреј Димков-Докурчев, бил војвода на првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и на 2 спроти 3 август, активно учествувал во ослободувањето на Крушево. 
 
Учествувал, заедно со Јане Сандански и Стефан Мандалов-Манданата од село Стојаково, во киднапирањето на мисионерката Мис Стон
Андреј, според планот за кревање на востанието, со својот одред, и со подвојводата Коста Попето, требало да ги заземе уќуматот, телеграфско-поштенската станица, домот на државниот благајник и жандармеријата. Рано наутро , на 2 август, Андреј со својата чета прв влегол во Крушево, ја извршил поставената задача без да има загуби во битката, по што се искачил на камбанаријата на црквата и го закачил револуционерното знаме што било рачно изработено.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *