МАРТИНА СТАНЧЕВА, ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА НА СОУ „БОГДАНЦИ“ ОД БОГДАНЦИ

Согласно интерните критериуми за избор на првенец на генерацијата 2020-2024 година на СОУ „Богданци“ од Богданци,. со Одлука од Наставнички Совет беше избрана ученичката Мартина Станчева.
Наградата од училиштето е секогаш според потребите на ученикот во парична вредност од 3 000 ден. Станчева исто така ќе добие и еднократна парична награда од Општина Богданци во износ од 60 000 ден доделени од страна на Градоначалникот Блаже Шапов.
 
Телевизија Нова и го честиташе изборот за првенец на генерацијата на Мартина Станчева при што ја прашавме дали и беше тешко да биде првенец и каде ќе го продолжи своето школување. Еве што ни одговори:
„Не беше лесно, се разбира, што не значи дека цело време го поминав седејќи дома наведната над книгите.Повеќе учењето ми беше интересно отколку што ми беше тешко. Сакамда студирам архитектура, и за таа цел аплицирав за упис на факултетите во Љубљана и Марибор.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *