ПОВТОРНО ОТВОРЕН ГП БОГОРОДИЦА КОЈ БЕШЕ ЗАТВОРЕН ПО ПОЖАРОТ КОЈ УТРИНАВА ИЗБУВНА КАЈ ЕВЗОНИ
Граничниот премин Богородица кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувна на грчка страна, повторно е отворен и сообраќајот се одвива непречено.
Имено, сообраќајот на граничниот премин беше во прекин и се направи долга колона од возила, па се пренасочуваа на граничниот премин Дојран.
Пожар избувна на грчката страна поради што дојде и до немање струја на грааничните премини Богородица и Евзони.