ДЕНЕСКА СЕ НАВРШУВААТ 168 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГЕНИЈАЛНИОТ НИКОЛА ТЕСЛА

На порталот Македонска нација објавена е фотографија на Никола Тесла со македонска народна носија во својата младост, некаде околу 1880 година. А во прилог на објавата пишува: “Никола Тесла важи за најголемиот, најповлечениот и најслабиот по здравје од сите гении. Роден е на 10 јули 1856 година, во селото Смиљани, во Лика, Хрватска, во православното семејство на свештеникот Милутин Тесла, мајката Георгина Мандичева, братот Дане, сестрите Милка и Марица. Името, прекарот Тесла го добил по дедото од татко му, роден во село Извор, велешко. Никола Тесла бил голем патриот, борец за мир и братољубие меѓу луѓето и народите, кој за себеси изјавил:

 ‘Подеднакво се гордеам и со хравтското и со македонското потекло!’ Починал во најголема беда во еден Њујоркшки хотел во текот на војната, на 7 јануари 1943 година. Во коментарот на Њујоркшката радио станица било речено: ‘Што мислите? Кој бил најголемиот пронаоѓач на сите времиња? Томас Едисон? Не! Маркони? Не! … Неговото име е Тесла, Никола Тесла… Неговите пронајдоци ви озвозможија да слушате радио. Неговите изуми ја овозможија телевизијата… Кога би ги исклучиле сите пронајдоци на Никола Тесла од нашиот технички живот, тогаш 90% од целата наша работа одеднаш би запрела и тогаш целиот свет би паднал во мрак!“
Неговите изјави, и после осумдесет години, покажуваат каков вонвременски човек и научник бил Тесла. Иако некои од работите кои ги предвидел Тесла и во денешно време изгледаат далеку од реалноста, повеќе од јасно е дека ова е единствениот пат на човештвото за спас од самоуништување.
 
Во 2100 година развојот на животот ќе биде, вели Тесла, под целосна контрола на науката. Хигиената и физичката култура ќе бидат признаени делови на образовниот систем и државниот апарат. Снабдувањето со вода строго ќе се надгледува, а само луд човек ќе користи вода која не е стерилизирана. Природната храна како што се млеко, мед и житарки, ќе бидат основа на епикурејските вечери и врвните ресторани во дваесет и првиот век. Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на големи раздалечености, ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија, па ќе престане потребата за согорување на течности. Војните ќе се спречат, не со тоа што ќе ги ослабиме најсилните, туку така што секој народ, слаб или силен, ќе биде во состојба самиот себе да се одбрани. Мојот изум подразбира изградба на голем генератор, кој кога ќе се стави во погон, би бил во состојба да уништи се, од непријателските војски со воените машини во круг од 400 километри. Безбројни работи кои денес се работат рачно, ќе бидат заменети со раце на автомати. Јас, всушност, контструирав роботи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *