10 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО И ПРОМОЦИЈАТА НА „ГЕВГЕЛЕКСИКОН“ НА СТЕФЧЕ СТЕФАНОВ-НАЈПРОДАВАНАТА РОДНОКРАЈНА КНИГА
На денешен ден, 2014 година се одржа промоцијата на „Гевгелексикон„ на Стефчо Стефанов, мала книга со голема вредност. Оваа вистинска „школка„ содржи 1040 живи бисери, зборови кои може да ги слушнете од устата на жителите на најсончевиот град македонски.
Според продадените примероци оваа книга е најпродаваната роднокрајна книга до сега. Таа е одлична алатка, оние кои не потекнуваат од овој крај, да се обидат преку ова „книжуле„ да го поднаучат гевгелискиот дијалект.
На промоцијата на која за книгата говореше Јован Костов, асистент по информатичка лингвистика од Универзитетот Сорбона во Париз, Стефчо објасни дека „овој лексикон е гевгелиски трик за во џеб, но извлечен не од ракав, туку од запишувачка рака. Тој е гевгелиски идентитет облечен во помодерно „урбан„, а по народски кажано „чаршиски„ дизајниран костум.“