ГОЛЕМИОТ ПОЖАР НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ГРАНИЦА ПРЕДИЗВИКА ШТЕТА НА ПОВРШИНА ОД 30 ХЕКТАРИ, ИЗГОРЕ ЖИТО, ШТАЛА СО ЖИВОТНИ, ВИКЕНДИЧКА И ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА

Пожарот, кој доцна попладнето на 21 јули избувна кај Пречистителната станица поради јачината на ветрот се проширил се до македонско-грчката граница, а зафатил повеќе земјоделски површини со житни посеви, неколку бараки и штала со добиток. Како што информираше командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов тој бил локализиран од нивна страна, со помош на механизација од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и неколку земјопоседници кои одгледуваат житни култури. Пожарот, изјави Ризов предизвикал штета на површина од 30 хектари. Од кои 15 хектари обработлива земја жито. Констатирани се материјални штети, како изгорена механизација, цела штала со 7 животни и викендичка. Во пожарот настрадало и едно куче.
Во гаснењето на пожарот учествуваа и пожарникари од Поликастро бидејќи истиот зафатил и мал дел покрај крајбрежјето на реката Вардар, на грчката страна. Според пишувањето на грчкиот весник „Еидисис“ била мобилизирана Противпожарната бригада на општина Пеонија а била остварена и телефонска комуникација со одговорните лица за цивилна заштита од Гевгелија, заради координација во гаснењето на пожарот

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *