Музеите се огледало на минатото и на нашето културно наследство. Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.
На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.
Со формирањето на првата историска збирка во старата „филатура“ започнува музеологијата во Гевгелија. Во 80-те години од ХХ век, формиран е Општинскиот Музеј „ Митко Зафисовски“ раководен од археологот Владо Аврамов.
Во рамките на Музејот се формирани археолошка, етнолошка, историска и збирка од историјата на уметноста. Збирката е префрлена во Владовиот конак денешната зграда на музејот градена во 1906 година. Во 90-те години установата е преименувана во „Народен музеј“ Гевгелија