На Државно првенство во карате за деца од 10 до 13 години, кое се одржа во спортската сала “26Април” во Гевгелија, КАРАТЕ КЛУБ АРМОР го постигна најголемиот успех до сега.
Младиот каратист Давид Аврамоски го освои сребрениот медал и се пласираше за Балканско Првенство 2024 кое ќе се одржи во Истанбул во Турција.
Честитки за постигнатиот успех до Давид и до неговиот тренер, Ице Брзановски.
Инаку, најуспешна екипа на ова првенство беше Гладијатор од Велес со 10 медали – 5 златни, 1 сребрен и 4 бронзени. Втора беше екипата на Кизаме со 9 освоени медали – 5 златни, 1 сребрен и 3 бронзени, трети беа Олимпик со 12 освоени медали (4-3-5).