ИВАНА ГРУЈИЌ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОСВОИ ТРЕТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО НАНОМАТЕРИЈАЛИ

На Државниот натпревар по наноматеријали-материјали на иднината, одржан на 15 април 2024 година во организација на Технолошко Металуршкиот ФакултетМФ, а под покровителство на Министерството за Образование и Наука, ученичката Ивана Грујиќ од СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја освои III (третата) награда во вредност од 500€, под менторство на професорот Сашко Колев.
 
Овој натпревар ги мотивира младите да се посветат на својата иднина со проекти посветени на наноматеријалите. Како мотивација на младите се доделуваати награди за прво, второ и трето, кои осмислуваат идеи за одредена примена на материјали, како што се наноматеријалите, паметните материјали, хибридните материјали, металните и керамичките материјали, полимерните, текстилниите и биоматеријалите, потоа биоразградливите материјали, композитните и рециклирачките материјали. Добиените државни награди и сертификати се признати од Министерството за образование и наука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *