По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, поттикнете ги децата да творат за нашето пријателство, за важноста на „кизуна“ (силна и длабока врска) со своите „томодачи“ (пријатели).
Отворен за сите деца до 12-годишна возраст кои уживаат да творат во техниките цртеж со јаглен, креда, молив, туш или сликарските техники фломастер, акварел, гваш, темпера, акрил, пастел, колаж, асемблаж се добредојдени на конкурсот, а димензиите на творбите не се ограничени.
Жири-комисијата составена од г. Казуја Оцука, aмбасадор на Јапонија, професор Гоце Наневски, Факултет за ликовни уметности – Скопје и професорката Дита Старова Ќерими, Универзитетот „Американ колеџ“- Скопје ќе доделат 3 награди, а ќе се додели уште една специјална награда за творбата објавена на нашата Фејсбук страница која ќе добие најмногу лајкови.
Денот на децата (こ ど も の 日, Kodomo no Hi) е јапонски национален празник кој се прославува секоја година на 5-ти мај. Тоа е ден посветен на изразувањето почит кон личностите на децата и славење на нивната среќа.