НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ХРВАТСКИОТ „ПОРИН“ СЕ ДОДЕЛИ НА „ПАРНИ ВАЉАК“ И ХУСЕИН ХАСАНЕФЕНДИЌ“
Порин за животно дело – наградата што им се доделува на уметниците кои со своето творештво ја одбележаа хрватската музика, годинава им се додели на бендот Парни ваљак и музичарот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус.
На 31. Порин, најзначајната хрватска музичка награда, Дамир Мартиновиќ и Зоран Продановиќ добија Порин за песна на годината – „Мама ШЧ“. Војко V доби Порин за албум на годината – „Двојко“.