НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1943 ДЕПОРТИРАНИ 7.144 ЕВРЕИ ОД МАКЕДОНИЈА, МЕЃУ КОИ И 11 ОД ГЕВГЕЛИЈА

Да не се заборави за никогаш да не се повтори.
Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред споменикот на депортираните евреи во кругот на поранешниот скопски монопол каде свежо цвеќе ќе положи државна делегација.
 
Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи, кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.
Меѓу 7.144 евреи од Македонија, беа и 11 жители на Гевгелија од двете еврејски семејства Барзилаи (Самуел, Давид, Јанов, Деси и Видал) и семејството Мануел (Мануел, Ида, Салватор, Рикула, Арон и Малка).
 
Да не се заборави за никогаш да не се повтори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *