ПОЕТСКО-МУЗИЧКА ВЕЧЕР „ЗА ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА“

Жената стои како порта, на излезот и на влезот на овој свет„. Иво Андриќ со една единствена реченица ја искажал сета љубов, грижа и жртвување кое е длабоко вгнездено во срцето на жената.
И годинава, пред 8. Март, денот на жената, жената во Гевгелија ќе се чествува со стихови и музика во рамките на традиционалната, 21. по ред поетско-музичка манифестација „За тебе љубов моја“.
„Оваа вечер е посветена на верната гевгелиска публика, која 21 година верува во нас, верува во љубовта кон музиката и стиховите и не инспирира да продолжиме и натаму. Сите овие години, ние сме како едно семејство, заедно се радуваме, заедно споделуваме среќни и тажни моменти, а секој еден отпеан стих и напишана песна е нечија судбина, ваша и наша. “, вели за оваа манифестација Даниела Џишева, професорка по македонски јазик, која заедно со својот колега Тони Аврамов, преку Здружението „Од станица до граница“, и годинава ќе ја организира оваа поетско-музичка вечер, на 5 март, вторник, во хотелот „Аполонија“, со почеток од 19,30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *