ПОДЕЛЕНИ КОВИД ВАУЧЕРИ НА СИТЕ 560 ВРАБОТЕНИ ОД КОНФЕКЦИСКАТА КОМПАНИЈА „НОЕЛ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА

На сите 560 вработени во конфекциската фабрика „Ноел компани“ во Гевгелија ќе им бидат поделени Ковид ваучери, во висина од 4000 денари. Со добиените ваучери, вработените ќе можат да пазаруваат во супермаркетите на „Солун 53“ до одобрениот паричен износ. Ковид ваучерите на вработените во оваа најголема конфекциска фабрика на југот од земјата, чии погони се наоѓаат на територијата на општините Гевгелија и Богданци, ќе им бидат поделени пред заминувањето на колективниот годишен одмор, на 24 јули годинава.
Ова е заедничка одлука донесена на вчерашниот Собир на работните луѓе и менаџерскиот тим во „Ноел компани“ со цел на вработените да им се помогне во справувањето со пандемијата од Ковид 19. Пред се, за зголемување на семејниот буџет и ублажување на последиците од пандемијата, кои ги почувствуваа и вработените во оваа конфекциска фабрика. Имено, за цело време од пандемијата производниот процес во „Ноел компани“ се одвиваше непречено, благодарејќи на ангажманот на вработените, нагласуваат во менаџерскиот тим.
Инаку, покрај Ковид ваучерите, на вработените во „Ноел компани“ ќе им биде исплатен и надомест за К-15, во законски максималниот износ од 17.000 денари. Исплатата ќе биде извршена во три фази, првата рата до крајот на август, втората до 11 октомври, а третата рата од надоместот за К-15 вработените ќе ја добијат до крајот на годината. Вработените во „Ноел компани“ ја поздравија заедничката одлука на Собирот на работните луѓе и менаџерскиот тим. „Ноел“ – Гевгелија, основана е во 1991 година како компанија во приватна сопственост и повеќе од три децении ја држи лидерската позиција во текстилната индустрија во Република Македонија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *