„ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ“, ДЕТСКАТА ИНТЕРАКТИВНА МУЗИЧКА ПРЕТСТАВА, ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

По премиерата на големата сцена на Националната опера и балет, која се одржа на 27 јануари, денес, четврток, 22 февруари, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ во Гевгелија, ќе се реализира „Операта на шумските животни“, интерактивната музичко – драмска претстава за децата од основните училишта во Претставата има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност (композитор, режисер, солисти, хор …)
 
Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Паљачи, Аида, Травјата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.
Идеја, сценарио, режија, костимографија и сценографијата се на Десанка Глигоријевиќ. Улогите ги толкуваат: Билјана Камчева, Марика Поповиќ, Јане Дунимаглоски и Невен Силјановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *