АТЛЕТИЧАРИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЗЕДОА УЧЕСТВО НА ТРКАТА ЗА ВИНО И ЉУБОВ ВО ДОЛНИ ДИСАН. НАЈМЛАДИОТ ЧЛЕН БЕШЕ ПЕТГОДИШНИОТ МИХАИЛ ТОЛОВ

На плоштадот во Долни Дисан, Неготино, вчера, на 17-ти февруари се одржа втората Треил трка за вино и љубов, единствена од ваков тип во земјава. Вкупнат должина на патеката беше 8 километри со висинска разлика од 350 метри. На оваа интересна трка која се организира по примерот на винските трки во Франција и Италија, учество зедоа 170-тина атлетичари и рекреативци од Македонија.
 
Екипата на АК „7-ми Ноември“ на оваа трка ја сочинуваа Прошевски Дарко Џопковски Славчо, Крстовски Илиоски Борче, Костадинов Николчо, Мичев Никола, Толов Александар, Чучанов Ѓорги, Чучанов Марко, Коцевски Игор и петгодишниот Михаил Толов.
 
Дарко Прошевски, во конкуренција на 102 натпреварувачи, го освои деветтото место, додека во трката во категорија на семејства учесници трето место освоија Ѓорѓи и Марко Чучанови..
Трката беше во организација на ДЕКОНУС ДООЕЛ-Скопје, со поддршка од Општина Неготино и Планинарското друштво „Free hikers” од Неготино.
 
Трката беше и можност за приближување на учесниците кон природата и запознавање со убавините на овој крај полн со лозови насади и бројни семејни винарии, кои беа вклучени како спонзори во трката, како и производители на мед и фурни и пицерии. Воедно со оваа трка, која е прва во земјава во календарот за оваа 2024 година, беше одбележан и празникот на лозарите и винарите Свети Трифун

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *