УТРЕ, СРЕДА, 24 ЈАНУАРИ, НА 4-ОТ ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОЗИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Општина Гевгелија утре, среда, 24 јануари 2024 година, ќе го организира 4-от Форум во заедницата за гласање на еден или повеќе од шесте предлог-проекти од областа на животната средина, коишто граѓаните- работните групи ги развивааа преку предлог-концептите на претходните форумски сесии, а ќе се реализираат со грант во висина до 50.000 американски долари:
 
– Изградба на велосипедска и пешачка патека;
– Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост;
– Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни;
– Селекција и рециклирање на отпад;
– Собирен центар за употреблив отпад од домаќинствата;
– Поставување фотоволтаици на училишните згради.
 
Четвртата форумска сесија ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот. Форумите во заедницата, Општина Гевгелија ги спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“. На третиот Форум се донесе одлука сите шест предлог-проекти да бидат дел од листата на гласање за избор на еден или повеќе проекти за реализација во 2024 година, со грантот во висина до 50.000 американски долари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *