ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ПОДАРИ РАДОСТ НА РОЖДЕСТВО“

155 подготвени вреќи со производи денеска се поделија на Бадник, на семејства од социјален ризик, во нашата Гевгелија. Од Гевгелиското архиерејско намесништво изразија благодарност до сите, што се одзваа на повикот за Хуманитарната Акција и што помогнаа и овие наши сограѓани да ја почувствуваат Божиќната радост.
И оваа година Гевгелиското архиерејско намесништво, со благослов на Митропол Повардарски, господин Агатангел организираше хуманитарна акција „Подари Радост на Рождество“, за собирање донации во прехрамбени продукти и средства за лична хигиена по повод Новогодишните и Божиќни празници.
Поединците и фирмите, своите донации ги доставуваа во двата свети храма во Гевгелија и на пунктовите низ гевгелиските маркети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *