МЛАДАТА МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ЅВЕЗДА МАГДАЛЕНА АЛЕКСОВСКА, СТУДИРА МУЗИКА НА ПРЕСТИЖНИОТ ВАГНЕР КОЛЕЏ ВО ЊУ ЈОРК.

Магдалена Алексовска, уметничко име Maggie (Маги), пред некој ден премиерно ја објави својата нова песна ” Друг да ме нема”, текстописец е Весна Малинова, аранжер и композитор Кирил Бабамов.
Да потсетиме, Маги е пејачка, кантавторка, флејтистка. Студира музика, отсек-вокал перформанс и театар како стипендистка на престижниот Вагнер колеџ во Њујорк. На пошироката јавност и стана позната по улогата на госпоѓица Хениген во мјузикл „Ени”. Пред тоа и се претстави и на европската јавност, кога испеанa во дует, а со своја авторска песна “Плетенка” ја претставуваше Македонија на “Детската Евровизија 2015” во Софија. Нешто потоа на “Американ Протеже” во Њујорк ја доби шансата да ја запее на најголемата сцена во Карнеги хол, во Исак Стерн Аудиториум.
Во изминативе 5 години главната опсесија и е мјузиклот, и кога се отвори шанса да биде дел од мјузикл како „Ени“, не помислила двапати, веднаш решила да оди на аудиција. Тие шест месеци низ кои го спремале мјузиклот биле за неа преубави, на секоја проба учела нешто ново, се забавувала, добивала многу совети од глумци, пејачи, танчери и композитори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *