ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ОО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СВОЈАТА ХУМАНОСТ ЈА ПОКАЖАЛЕ МНОГУ ПАТИ НА ДЕЛО

5 декември е познат како Меѓународен ден на волонтерите. Секоја година на 5-ти декември во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина се одбележува Светскиот ден на волонтерството. На глобално ниво, во националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина секоја година, над 16 милиони волонтери даваат активен придонес во подобрување на животот на ранливото население.
 
Оваа година Црвениот крст на РМ го одбележува Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември под мотото “Надеж” со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на волонтирањето и надежта за подобро утре и подостоинствен живот на луѓето која ја носат волонтерите преку активностите и личниот ангажман во локалните заедници.
 
Овој ден е шанса за индивидуалните волонтери и организациите кои промовираат волонтерски вредности, да ги промовираат своите придонеси за развој на локално, национално и меѓународно ниво.
Волонтерството им дава можност на луѓето, особено оние што често пати се исклучени од локалните заедници, конкретно да влијаат врз своите животи и да играат конструктивна улога во своите заедници преку волонтирање на своето време и вештини. Преку волонтирање, заедниците низ целиот свет честопати доживуваат зајакната солидарност и вклученост. Придобивките се енормни и за заедниците, а и за волонтерите.
 
Во секоја Општинска организација на Црвен крст, така и во Општинската организација на Црвен крст на Гевгелија постои форма на организирање на младите волонтери преку т.н. „Клубови на млади“. Заедничко за сите клубови на млади е тоа што нивното функционирање е во согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ.
 
Во Гевгелија тоа се млади луѓе, кои преку своите активности ги шират принципите и идејата за Црвениот крст, волонтираат за посреќно, поздраво и поинформирано општество, во кое младите ќе можат поуспешно и поквалитетно да се оформат како личности и идни успешни лидери на светот. Во низата форми на делување на Општинската организација на Црвениот крст на Гевгелија, младите се поддршка, но и директни имплементатори на програмските и проектните активности.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *