НОВ ТРЕНЕР НА КК „КОЖУВ“ Е БОРЧЕ ДАСКАЛОВСКИ

Професорот на кошаркарскиот факултет на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе биде нов тренер на кошаркарскиот прволигаш од Гевгелија. Тој доаѓа на клупата на „Кожув“ по заминувањето на Александар Јончевски. Борче Даскаловски е поранешен играч на Вардар, Балкан Стил, Пелистер, Фени индустри. Како тренер работеше во Вардар, Карпош Соколи и Мзт Уни Банка. Беше дел од стручниот штаб на Астана, од Казахстан, каде тренер беше Емил Рајковиќ.
Од стручниот штаб на КК „Кожув“ на досегашниот тренер, селекторот Јончевски му се заблагодаруваат за досегашната соработка и му посакуваат успех во понатамошната кариера!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *