НА ПРЕДЛОГ ОД МЛАДИТЕ И СО ПОМОШ НА СРЕДСТВА ОД ШВАЈЦАРИЈА ВО БОГДАНЦИ СЕ ГРАДИ ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНО КАТЧЕ

Во Богданци е при крај реализацијата на проектот „Повеќенаменско спортско-рекреативнo катчe за деца и млади“ кој произлезе како предлог од младите во Богданци, и кој се реализира со остатокот од средствата од донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка и од општинскиот буџет, со вредност од 2.270.662 денари.
Пред овој проект, минатата година, со истата финансиска поддршка во Богданци беше поставена нова сообраќајна сигнализација со 745 различни сообраќајни знаци и табли а на 20 улици беше изменет сообраќајниот режим со четири нови училишни зони.
Овие проекти беа финансиски поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 2,7 милиони денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *