СЕМЕЈНАТА ВИНАРИЈА „МИОВ“ ДОБИТНИК НА ЗЛАТО И БРОНЗА НА РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ НА ВИНО „WINE VISION BY OPEN BALKAN“ ВО БЕЛГРАД

Семејната винарија „Миов“ на гевгеличанецот Ристо Миов со успех се презентираше на најголемиот саем за вино во регионот, втотото издание на Wine Vision by Open Balkan, во Белград, Република Србија.
За виното „Вранец“, производство 2021 година, Ристо Миов освои златен медал, додека за виното „Вранец,Каберне Совињон, производство 2022, беше награден со бронзени медали.
 
На втората евалуација, вината од Албанија, Македонија и Србија беа оценувани од жири составено од триесет меѓународни вински судии, вклучително и пет носители на титулата Мајстор на виното. На чело на жирито и оваа година беше Керолин Гилби МВ, водечки светски познавач на виното од нашите простори, која ја отвори церемонијата на доделување, заедно со координаторот за оценување Игор Луковиќ, претседателот на Здружението на винари и лозари на Србија. Стеван Рајт и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
 
– Најдовме навистина уникатни и возбудливи вина – рече Каролин Гилби, додавајќи дека за неа виното е симбол на споделување и поврзување на луѓето и дека тоа е особено важно за Балканот.
Конечниот биланс ќе се утврдува во наредните денови, но веќе е јасно дека годинешниот саем Wine Vision by Open Balkan го надмина премиерното издание и по бројот на посетители и по бројот на излагачи. Неколку десетици илјади љубители на виното поминаа низ саемот во Белград во текот на трите дена кога Wine Vision беше отворен за пошироката јавност, дегустирајќи производи од повеќе од 600 штандови каде винариите од Србија, Северна Македонија и Албанија, бројни производители на врвни домашни ракии, компаниите кои произведуваат автентична балканска храна…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *