KK „ГЕВГЕЛИЈА“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА ВО ТРЕТАТА ЛИГА-ИСТОК

И по одиграните 6 кола, екипата на тренерот Мицко Алексовски останува со максимален ефект, шест победи од шест натпревари во натпреварувањето на Третата кошаркарска лига-Исток, со што се зацврсти на првото место на табелата.
 
Во неделата, гевгелиските кошаркари, во спортската сала „26-ти Април“ ја пречекаа екипата на Феникс Спорт“ од Скопје. По првата четвртина која заврши со резултат 23-15 за „Гевгелија“, следуваше лоша втора четвртина која гевгеличани ја загубија со 16-32, па така на полувреме се отиде со предност на гостите од Скопје од 8 кошеви разлика- 39-47.
 
Сепак, во третата и четвртата четвртина квалитетот на гевгеличани дојде до израз, па со одлична тактичка игра, тие го добија второто полувреме со 17 кошеви разлика, за конечен резултат 90-81.
За екипата на „Гевгелија“ настапија Каркалашев, Букршлиев, Шутаров, Старделов, Динев, Најдоски, Јанчев, Ичев, Јакимовски, Колев, Кузманов и Карајанов.
 
„Доколку продолжиме и понатаму со вакви добри игри, се надеваме дека ќе успееме да се пласираме во плеј оф завршницата и да избориме пласман во Втората кошаркарска лига,“ ни изјави тренерот Алексовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *