МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „IDEAS“

Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“ го имплементира Фондацијата за локален и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.
Проектот „IDEAS“ се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси.
 
Со цел да се унапредат вештините на претприемачите во секторот Туризам, во текот на ноември 2023, Мрежата за Рурален Развој на Северна Македонија ќе спроведе проценка на потребите на постоечките регистрирани индивидуални даватели на услуги за сместување од југоистокот со цел дизајнирање на посебно прилагодена програма за менторство.
 
Некои од предвидените теми кои ќе бидат опфатени во менторската програма ќе опфатат советување и разбирање на концептот на рурален туризам, како се спроведува истражување на пазарот, како да се подобри инфраструктурата, што е екотуризам и негова одржливост, маркетинг и промоција, вмрежување и партнерство, безбедност, регулаторна усогласеност и како претприемачите да се прилагодат на променливите трендови во туризмот.
 
Проектот „IDEAS“ се имплементира во рамки на Interreg IPA – CBC програмата за прекугранична соработка ГР-МК за програмскиот период 2014-2020, а е ко-финансиран од националните фондови на земјите учеснички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *