КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во вторник на 21.11 2023 година со почеток од 19.00 часот во големата сала на Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија, целовечерен концерт ќе приреди Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Влезот е слободен!
 
НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ „ТАНЕЦ“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ.
 
ИЗВОРНИ МИНИЈАТУРИ е проект е замислен како сценско-едукативен караван низ неколку градови на земјата, со кој ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на ансамблот „Танец“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *