ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ТРЕТА ГЕНЕРАЛНО, А ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 18-ТИ ДОДЕКА МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ 43-ТИ НА „МОМАТА РОК ТРЕИЛС 2023“ ВО ПРИЛЕП

Над 150 учесници учествуваа денеска на исклучителнио тешката планинска трка „Момата рок треилс 2023“, која по деветти пат се одржа на падините на Селечка планина. Трката е долга 21 км, со висинска разлика од 1.100 метри, а организатор беше Здружение за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп. Стартот и финишот беа пред манастирот Свети Димитрија, над село Селце, во близина на Прилеп.
Меѓу учесниците, на овој настан настапија и гевгелиските атлетичари, Валентина Узунова и Методија Ичев од ЗПСК „Кожуф“, како и Мијалчо Андоновски член на АК „7-ми Ноември“,
И овој пат Валентина покажа дека со право е една од најдобрите треил тркачи во својата категорија во Македонија. Беше прва во својата конкуренција и трета во генералниот пласман.
Методија Ичев и Мијалчо Андоновски во машка конкуренција трчаа во рамките на своите претходни резултати.
Со ваквите настани Прилеп уште еднаш докажа дека е Центар за развој на екстремниите спортови во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ТРЕТА ГЕНЕРАЛНО, А ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 18-ТИ ДОДЕКА МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ 43-ТИ НА „МОМАТА РОК ТРЕИЛС 2023“ ВО ПРИЛЕП

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *